mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Маврово 84 литри дожд, во Скопје 26, во Берово само два

Во Маврово 84 литри дожд, во Скопје 26, во Берово само два

Типографија

Најмногу дожд во текот на изминатите 24 часа наврна во Маврово. Мерењата на УХМР покажуваат наврнат талог од 84 литри на квадаратен метар.

Во Крушево наврнале 62 литри, Гевгелија 47, Лазарополе 46, Пожаране 37, Дојран 34, Битола 32, Тополчани 28, Скопје 26, Дебар 24, Тетово и Претор 19, Куманово 16, Ѓуриште 12, Демир Капија и Прилеп 11, Охрид 10, Струмица 9, Штип 6, Пожар и Виница 5, Крива Паланка и Берово 2 литри.

Во текот на ноќта во Македонија преовладуваше облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите беа пообилни во западните и јужните делови. Дуваше слаб ветер од североисточен правец. Утринава повторно има врнежи од дожд речиси насекаде и се со слаб до умерен интензитет, а во западните делови се пообилни. Дува слаб ветер од североисточен правец, а во Прилепско повремено умерен.

До крајот на денот ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, со услови за ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава. Кон крајот на денот ќе има намалување на интензитетот на врнежи. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 22 степена.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија