mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Тетово повторно се трупа до отпад

Тетово повторно се трупа до отпад

Типографија

Претоварната станица во Тетово повторно се полни со сметот собран од контејнерите низ Тетово, известува „Нова Македонија“. Според Јавното комунално претпријатие Тетово, три дена сметот не можел да се носи до депонијата Дрисла во Скопје, бидејќи патот бил полн со кал и поради приоритет на носење на отпад од поплавените подрачја.

  • Ние сме во контакт со раководството на Дрисла и е прашање на часови дали ќе биде возможно да се носи смет. Колку што знам патот е исчистен, а во договор со нив ќе носиме и отпад во одредени периоди - изјавил Џелал Цека, директорот на ЈКП Тетово, за тетовското дописништво на весникот.

Во меѓувреме, повторно дојде до конфликт меѓу локалните самоуправи и граѓаните на Тетово и Гостивар, откако камиони на тетовското претпријатие тргнале да истоварат смет во депонијата Русино, но се блокирани на влезот од Гостивар. На блокадите излегол и гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија