Механизмот на Европската унија за цивилна заштита е активиран и првата екипа на експерти на ЕУ е испратен во Македонија по поплавите, соопшти Европската комисија.
ЕК информира дека денеска Република Македонија го активира механизмот на ЕУ за цивилна заштита по обилните поплави и лизгањето на земјиште кои зедоа многу човечки жртви во предградијата на главниот град Скопје.
Екипа на технички експерти ќе пристигне на 9 август за да изврши проценка на предизвиканата штета и да даде препораки на властите за цивилна заштита на национално и локално ниво.
Механизмот за цивилна заштита на Европската унија овозможува координација на активности при природни катастрофи помеѓу 34 европски земји (28 членки на Унијата, Македонија, Исланд, Норвешка, Црна Гора, Србија и Турција).
- Овие земји учеснички ги здружуваат капацитетите кои можат да им се стават на располагање на земјите погодени од катастрофи низ целиот свет. Кога е во сила, Механизмот ги координира активностите за обезбедување помош во и надвор од Европската унија - се наведува во соопштението.