mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Коалицијата О2 за чист воздух бара праг на алармирање за ПМ10

Коалицијата О2 за чист воздух бара праг на алармирање за ПМ10

Типографија

Коалицијата О2 за чист воздух бара праг на алармирање согласно, како што велат, препораките на Светската здравствена организација (СЗО), Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и по европските примери.

  • Прагот на алармирање за ПМ10 да биде поставен при достигнување дневна вредност од над 70 микрограми на метар кубен, два дена по ред, без оглед дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Итните мерки кои треба да го редуцираат сообраќајот, функционирањето на индустријата, градежните активности, фосилните согорувања и слично, да стапат во сила веднаш наредниот ден и да траат се додека нивото на ПМ10 честици не биде под дозволеното, до 50 микрограми на метар кубен  дневно на сите мерни станици - соопштија од  Коалицијата О2 за чист воздух.

Коалицијата најави дека ова барање ќе го достави до Министерство за животна средина и просторно планирање.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component