mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Дебарските комуналци бараат граѓаните да не создаваат диви депонии

Дебарските комуналци бараат граѓаните да не создаваат диви депонии

Типографија

Јавното комунално претпријатие „Стандрад“, кое, освен за водоснабдувањето, се грижи и за хигиената во Дебар, почна со акција за чистење на дивите депонии.

  • Депониите ги има насекаде, што секако даваат грда слика за градот и за нас како претпријатие, иако ние немаме никаков удел во нивното создавање. Нив ги создаваат несовесни граѓани, кои отпад фрлаат каде ќе стигнат, па дури и при  празни контејнери отпадот го фрлаат околу нив, а не во нив - вели Омер Цами, раководител за секторот за комунална хигиена.

Исто така, додава тој, дел од граѓаните, кои вршат одредени санации и реконструкции во своите домови, градежниот отпад го фрлаат во контејнери од каде нашите возила не може да ги подигнуваат бидејќи тоа ги оштетува истите, поради што мораме да превземаме други мерки, кои бараат и дополнителни средства.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија