mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Охридското крајбрежје извалкано со нафтени дамки

Охридското крајбрежје извалкано со нафтени дамки

Типографија

Со повлекувањето на водата од Охридско Езеро се појавија дамки од нафта и од други загадувачки материи покрај брегот.

Фотографиите што на својата фејсбук-страница ги објави граѓанската иницијатива Охрид СОС покажуваат дека состојбата на делови од крајбрежјето во градот е загрижувачка.

Од Охрид СОС иронично забележуваат дека тоа не било никакво загадување, туку природна колоритност чија цел е да се привлечат туристи, исто како што повлекувањето на водата имала за цел да се создадат нови плажички на кои ќе се стави медитерански песок ограден до парапетчиња.

Оттаму обвинуваат дека Охрид, како град на УНЕСКО, има институции на кои еколошки приоритет им е да се расправаат со иницијативи како нивната и да ги обвинуваат дека прават спинови заради политички цели.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија