mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Исчистени 47 километри вади и канали во Кочанско

Исчистени 47 километри вади и канали во Кочанско

Типографија

Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ од Кочани во текот на 2016 година согласно планот за одржување на каналската мрежа во атарот на Кочанско, Оризарско, Прибачевско, Грдовско, Долно и Горно подлошко, Мојанско и Теранско поле исчисти 46 километри вади и канали за наводнување.

Оваа каналска мрежа како дел од Хидросистемот „Брегалница“ се користеше во периодот за наводнување на полињата, додека во зимскиот период се користи за одводнување на полињата.

  • Минатата година дополнително со наша механизација интервениравме во чистењето на крајбрежниот дел на Кочанска и Оризарска река во должина од 350 метри - изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Во планот за 2017 година во атарот на Кочанското поле се планира да се исчистат 71,2 километри вади и каналска мрежа.

  • Но со оглед на фактот што во ноември и декември, кога дозволуваа временските услови, исчистивме 21 километар вади и канали во атарот на Оризраско, Прибачевско и Грдовско поле, за интервенција во чистењето на каналската мрежа до почетокот на наводнителната сезона за напролет ни остануваат за чистење уште 50 километри каналска мрежа кое нешто ке го реализираме со подобрувањето на временските услови на терен - истакна Гоцев.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија