mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Кумановскиот градоначалник треба да направи катастар на загадувачи

Кумановскиот градоначалник треба да направи катастар на загадувачи

Типографија

Советниците од сите политички партии во Куманово едногласно, по два часа расправа и претходна координација усвоија два заклучоци. Тие го задолжија градоначалникот и општинската администрација да изработат катастар на загадувачи на воздухот, план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и краткорочен акциски план за заштита на амбинеталниот воздух.

Советот му препорача и на Министерството за животна средина и просторно планирање да постави дополнителна мерна станица во општина Куманово.

Претходно,овластениот инспектор за животна средина од општина Куманово ,Бобан Бојковски потенцираше дека во согласност со спроведените мерења од Министерството, компаративно гледано, загаденост во Куманово има, но таа е пониска во однос на другите градови и општини во Македонија и ги посочи  Битола, Тетово, скопски Центар, Кавадарци, Кичево и оптина Гази Баба.

  • Според овие параметри на дневно и месечно ниво општина Куманово не е најзагадена општина во Македонија - рече Бојковски.

Советниците од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството предводено од СДСМ во Советот расправа дека има загаденост без разлика дали е најголема или не. Во добар дел се сложија дека загадувањето го предизвикува сообраќајот, како и користењето на огревни дрва за затоплување и дека во Куманово нема тешка индустрија која би била одоговорна за загдување.

  • И да не е најзагадено, што прави општината да се намали загадувањето - праша Јовица Станковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Маневски од НСДП, рече дека општината вовела гасификација дека се озеленуваат површините во градот. Во расправата беше кажано дека мерната станица не е на соодветна локација во кругот на болницата која користи мазут за затоплување. И повторно советниците расправаа дека болницата требала пред три години да се приклучи кон гасификацијата.

Претходно, претставниците на политчките партии одржаа координација на која присуствуваше и градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски кој рече дека локалната администрација наредната недела ќе ангажира субјект кој ќе изврши компаративни мерења на амбиенталнот воздух, со што ќе се добијат податоци кои ќе послужат за правење нова студија која ќе покаже кој загадува и што треба да се преземе.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија