mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Два земјотреса почувствувани во југоисточна Македонија

Два земјотреса почувствувани во југоисточна Македонија

Типографија

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала е почувствуван во југоисточна Македонија.

Земјотресот бил 12 минути после полноќ со епицентар на околу 38 километри северно од Солун, на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Во Гевгелија, Струмица и Богданци земјотресот е почувствуван со интензитет  од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Вториот земјотрес бил почувствуван изутрината во 02. 44 часот и исто така е со епицентар во Грција, а бил со магнитуда од три степени според Рихтеровата скала. И овој земјотрес бил почувствуван во јужните делови на Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија