mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Се осветлуваат познатите пештери во пробиштипското село Лесново

Се осветлуваат познатите пештери во пробиштипското село Лесново

Типографија

Во пробиштипското село Лесново, каде што се наоѓа еден од најубавите манастири во земјава и недопрена природа интезивно се реализират два проекти значајни за развојот на туризмот, од кои едниот е осветлување на пештерите во кои живееле монасите.

Градоначалникот на општината Пробиштип, Тони Тоневски, вели дека средствата од три милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделството.  Во моментов со овие средства се работи на изградба на летниковци, поставување на улично осветлување низ селото и изградба на јавни тоалети.

  • Вториот проект е со вредност од околу еден и пол милион денари, од кои 450.000 денари се од буџетот на општина Пробиштип, а остатокот е како донација од Швајцарската Влада. Тоа е еден многу убав проект осветлување на пештерите, кои ги има во многу голем број овде на Лесново. Во далечното минато во овие пештери имало монаси, пред да се направи прекрасниот Лесновски манастир. Од овие пештери се ваделе и познатите воденичарски камења, кои што се разнесувале низ целата територија на Балканот - вели Тоневски.

Пештерите во Лесново ќе бидат осветлени до познатата голема кривина, од каде што се гледа целото поле на Пробиштип, Карбинци и на дел од Штип, а во непосредна близина на Лесновскиот манастир ќе се изградат летниковци и ќе се постави урбана опрема за оние кои доаѓаат на еднодневни излети.

Тоневски истакна дека општината изработува и нов детален урбанистички план за населеното место Лесново што ќе се простира на површина од 50 хектари.

  • Во многу блиска иднина ќе бидеме спремни да понудиме многу локации за различни намени. Најважно од се е што ќе можеме да направиме локации, на кои во иднина би требало да се изградат хотели, одмаралишта и други објекти кои ќе придонесат за успешен развој на туризмот во Лесново - додава Тоневски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија