Еколошкото друштво Планетум од Струмица денеска ја промовираше едукативната боенка Загрозени светски видови животни од климатските промени.
Боенката која беше промовирана пред децата од градинката „Детска радост“ - клон 1 ќе биде дистрибуирана и во градинките и основните училишта во Струмица и во населените места Дабиле и Куклиш.
- Бесплатен примерок ќе добијат сите деца од предшколска возраст и прво одделение. Исто така и во другите останати градинки и основните училишта ќе бидат спроведени едукативни работилници. Целта е преку боенката да се запознаат децата, но и родителите, воспитувачите и учителите со загрозените светски видови животни од климатските промени и преку игра и едукација да научат начини како да помогнат за поздрава животна средина - вели Борјана Јанакиева Заева од Планетум.
Боенката е производ на еколошкото друштво, во рамки на проектот „Локална кампања против климатски промени“, финансиран од општината Струмица.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS