mksqen
25
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Инспекторатот го затвори комбинатот Југохром

Инспекторатот го затвори комбинатот Југохром

Типографија

Државниот инспекторат за животна средина донел решение за престанок на работата на комбинатот Југохром од Јегуновце.

Според министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ова решение било донесено согласно законските прописи и претходните одлуки што го обврзуваа овој комбинат до крајот на октомври да постави систем за отпрашување.

  • Иако за ваква одлука можеби нема согласност од сите засегнати страни, меѓутоа инспекторатот постапил според позитивните закони на Македонија. Не било лесно да се иницира ваква одлука имајќи ја предвид социјалната компонента и важноста што ја има работата на овој комбинат за вработените во фабриката меѓутоа за нас пред се е најважно здравјето на граѓаните - вели Амети.

За градоначалничката на Тетово, Теута Арифи ваквата одлука на инспекторатот е во согласност со нивните ставови дека запирањето на работата на Југохром во овој период од годината ќе придонесе за почист воздух во регионот.

  • Дефинитивно е важно овој комбинат во текот на зимските месеци да не функционира имајќи го предвид фактот дека тоа станува проблем за сите граѓани на полошкиот регион. Токму поради тоа апсолутно сите активности преземени од страна на инсекторатот сметаме дека ќе имаат поширока рефлексија и разбирање на фактот дека навистина ова прашање треба да се гледа во интерес на сите граѓани што живеат во полошкиот регион - вели Арифи.

Конечното решение за запирањето на работата на Југохром односно постапување по ова барање на државниот инспекторат за животна средина треба да го донесе Владата како колективен орган на своја седница. Пред две години управата на Југохром од Владата доби продолжување на рокот за поставување на систем за отпрашување.

Генералниот директор на Југохром Васко Скендеровски посочи дека почнале со градежни работи за поставување на ваков систем но оти изгубиле многу време во добивањето на потребните градежни дозволи. Од Југохром било побарано продолжување на рокот за поставување  систем за отпрашување за дополнителни 18 месеци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија