mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Продолжува акцијата за чистење диви депонии во повеќе општини

Продолжува акцијата за чистење диви депонии во повеќе општини

Типографија

Продолжуваат акциите за чистење на неправилно одложениот комунален отпад во повеќе општини во државата кои се спроведуваат во рамки на кампањата „Македонија без отпад 2016“.

Кампањата се реализира во координација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а во соработка со општините, Градот Скопје и со другите државни институции.

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека акции за чистење на диви депонии, согласно Акцискиот план, се предвидени и во општините Босилово, Тетово, Градско, Дебар, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново Село, Ресен, Росоман, Сарај и Арачиново.

Министерството за животна средина и просторно планирање, посочуваат оттаму, очекува преку вакви конкретни теренски активности значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, до формирањето на регионалните депонии.

По расчистувањето на сите локации, согласно Законот за управување со отпад, како што се наведува, ќе следи и нивно озеленување и уредување со што не само што ќе се оплемени животната средина, тука ќе се подигне и јавната свест за потребата од соодветно одложување на отпадот. Во оваа прва фаза покрај општините и нивните комунални претпријатија, активно се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија пат и Македонски шуми, колективните постапувачи со отпад и локалната бизнис заедница.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија