mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Се чисти дивата депонија кај Макази

Се чисти дивата депонија кај Макази

Типографија

Екипи на општина Ресен, јавните претпријатија „Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Пролетер“ работеа на расчистување на дивата депонија кај местото викано Макази во близина на Ресен во рамките на акцијата „Македонија без отпад“.

Во акцијата се приклучи и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, кој нагласи дека општината ги поддржува еколошките активности со цел чиста и здрава животна средина.

  • Ваквите акции и иницијативи секогаш ќе се поддржани од Општина Ресен, бидејќи се во насока на креирање чиста и здрава животна средина, а истовремено претставуваат активност со која силно сакаме да влијаеме и врз еколошката свест кај граѓаните и локалната заедница - вели Стрезовски.

По чистењето на депонијата, која се протега на околу 300 метри квадратни, просторот ќе биде раззеленет со дрвја и трева. Градежниот и другиот комунален отпад ќе биде транспортиран до депонијата за градежен отпад во непосредна близина на Ресен.

Ресен е дел од пилот општините каде се реализира проектот „Македонија без отпад“, чија цел е подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со создавање на отпад и негово расчистување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија