mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Водостопанство ги чисти речните корита и каналите

Водостопанство ги чисти речните корита и каналите

Типографија

Со пари од Европската унија на територијата на Пелагонија ќе бидат исчистени 40 километри каналска мрежа за заштита од поплавите, соопшти директорот на акционерското друштво „Водостопанство на Македонија“ Ромео Тренев, кој заедно со првите луѓе на подружницата на претпријатието во Прилеп, „Прилепско поле“ беше на терен каде се чистат Црна Река и каналот Блато.

Според Тренев, со програмата на Европската унија за санација од поплави предвидени се околу 7 милиони евра, а ќе се чисти на повеќе локации во државата.

  • Во Прилепско се планира да се чисти на две позиции: по течението на Црна Река и каналот Блато. Вкупно ќе се исчистат 13 километри од кои на Црна Река 5,9 километри, а  на каналот Блато 6,4 километри. Чистењето на Црна Река се одвива во две фази. Првата опфаќа чистење на ситната и на крупната вегетација, а втората фаза е уредување на речното корито. Ќе се чисти и реката Струмица во должина од 24 километри, од Радовиш спрема границата со Бугарија - вели Тренев.

Тренев информира дека во петокот, на 23 септември е распишан тендер за набавка на нова механизација и главно претпријатието се концентрира на чистење на речните корите каде 40-ина години немало големи зафати, а деновиве ќе стигне извештајот за најкритичните места на реките.

  • Во петокот распишавме тендер за набавка на механизација во вредност од 3,5 милиона евра. До крајот на неделава ќе се обезбеди комплетниот извештај за локациите на критичните места на териоторијата на целата држава, конкретно на Црна Река, Вардар, на Струмица и на реката Брегалница. Каналите во државава, генерално, се во добра кондиција - рече Тренев.

Со новата механизација ќе почне планското чистење на сите реки во државата. Најкритични реки се веќе посочените: Црна Река, Брегалница, Струмица и делумно Вардар.

Според Гордана Тошеска директор на „Прилепско поле“ чистењето на ситната и крупната вегетација околу Црна Река е продолжување на ланскиот проект, а големиот канал „Блато“ целосно се чисти со коритото.

  • Проектот за чистење на коритото нас Црна Река продолжува од лани кога беа исчистени 10 километри. Сега ќе биде исчистена ниската и висока вегетација околу коритото и се до мостот кај селото Бучин. Посебно ќе биде саниран делот околу мостот кој досега се појавуваше како критична точка и тука се предизвикуваа поплави. Со овој проект се чисти и каналот „Блато“ , и тоа целосно, околината и самото корито на каналот кој е главен реципиент на водите од околното сливно подрачје. Инаку, во прилепско има 167 километри каналска мрежа - вели Тошеска.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија