Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер синоќа го погоди реонот на градовите Ужице, Пожега и Косјериќ во западна Србија.
Српскиот Хидрометеоролошки завод соопшти дека на мерното место во Душковци, во близина на Пожега, наврнале 88 литри дожд на квадратен метар.
Според првичните информации, невремето предизвикало штети на некатегоризираните патишта во руралните делови на општините Косјериќ и Пожега.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS