mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Активисти им предаваат на средношколците во Тирана за аерозагадувањето

Активисти им предаваат на средношколците во Тирана за аерозагадувањето

Типографија

Членови на албанската невладина организација „Заедно за живот“ одржале предавање во средното училиште „Сами Фрашери“ во Тирана за загадувањето на воздухот и за улогата на граѓаните во надминувањето на овој проблем.

Оваа нивна активност била реализирана во рамките на проектот „Чист воздух во Тирана, повеќе пешачење, велосипеди и урбан транспорт“. Целта е да се запознаат граѓаните, а пред се помладите, за тоа кои се нивните можности и обврски за да придонесат за почист воздух во албанскиот главен град.

Учениците исто така ги споделиле своите видувања за проблемите со животната средина, како отпадот на улиците каде што живеат, загадувањето од сообраќајот и друго, и нагласиле дека за да се подобрат работите значително, треба што помасовно да се сменат навиките, на пример што повеќе луѓе да користат велосипед.
Средношколците исто така порачале дека во градот треба да се засадат што повеќе дрвја, и тоа не само на јавните простори, туку и во дворовите на жителите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан