mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Девет жртви од студот во Албанија досега

Девет жртви од студот во Албанија досега

Типографија

Во Албанија е регистрирана деветата жртва од студениот бран што ја зафати земјата изминатите денови.

Станува збор за 61-годишен жител на приморскиот град Саранда, вработен во капетанијата на пристаништето во споменатиот град. Тој бил пронајаден мртов пред неговиот дом, а увидот потврдил дека нема знаци на насилство на телото и оти смртта настапила како последица на студот.

Првата жртва во Албанија студот ја однесе на 7јануари во Драч.

Починати се главно повозрасни лица, како и едно дванаесет-годишно дете кое пропаднало во замрзнатите води на вешачката акумулација „Кашари“ кога мразот пукнал додека се лизгал со три години повозрасната сестра, која „за сламка“ ја спасил случаен минувач.

Во земјата и понатаму владее могу студено време, со температури и до минус 23 степени.

Оваа зима првпат снегот ја обели албанската меропола. Според нејзини жители, во Тирана снег паднал после најмалку две децении, додека по осум години, снег има и во Драч.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан