mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Романија ќе се финансира зелената економија

Во Романија ќе се финансира зелената економија

Типографија

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе отвори нова канцеларија  за финансирање на зелената економија во Романија со 70 милиони евра, со цел за подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради.

Банката има намера да ангажира консултантска компанија за извршување на задачи за воспоставување и одржување на инфраструктура за спроведување на објектот. Тендерот е отворен до 24 јануари. Kонсултантот треба да има 15 години искуство со проекти за енергетска ефикасност и управување со добро познавање на пазарот на технологии за енергетска ефикасност за градежни објекти, по можност во Романија.

Првичниот буџет е до 900 илјади  евра во првите 18 месеци од спроведувањето на проектот, со можност за продолжување до  три милиони евра, без ДДВ. Овој проект се очекува да почне во март и се проценува во времетраење од 36 месеци.

Романија ја усвои националната цел да се намали потрошувачката на примарна енергија за 19 отсто, односно околу 10 милиони тони еквивалент на нафта, од 2020 година и резиденцијалниот сектор има важна улога во исполнувањето на оваа цел. Со топлинската изолација на згради во Романија може да се заштеди до 40 проценти од електричната енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан