mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Сараево почнува пар-непар систем на возење поради загадувањето

Во Сараево почнува пар-непар систем на возење поради загадувањето

Типографија

Поради алармантно загадување на воздухот во Сараево е прогласена тревога што подразбира неколку мерки меѓу кои и забрана за движење на дел од моторните возила.

Донесена е одлука од  утрово во 7 часот до полноќ на улиците на главниот град на БиХ да сообраќаат само автомобили чиј последен број на табличките е парен, соопшти оперативниот штаб на владата на кантонот Сараево. Следниот ден се менува таа наредба во - недозволено движење за возила со непарен последен број на табличките.

Забраната не се однесува на полициски, такси возила, возила на итна помош...

Друга мерка е зголемување на капацитетот на јавниот градски сообраќај додека третата се однесува на тоа дека сите постројки за производство на топлинска енергија со моќност преку еден мегават кои користат природен гас, да ја намалат температурата за уште еден степен.

Се забранува и изведување градежни работи во градот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан