mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Србија од ЕУ ќе добие 100 милиони евра за еколошки проекти

Србија од ЕУ ќе добие 100 милиони евра за еколошки проекти

Типографија

Србија идната година од европските фондови ќе добие 100 милиони евра кои ќе бидат вложени во три големи инфраструктурни проекти.

Ова го вели српската државна секретарка во Министерството за земјоделство, животна средина и заштита на природните ресурси Стана Божовиќ.

  • Средствата ќе бидат инвестирани во постројки за прочистување на отпадни води во Ниш и Крагујевац и центар за управување со отпадот во Нови Сад - вели Божовиќ.

Таа додава дека во наредните 25 години потребно е да се вложат 25 милиони евра во водоснабдување, управување со отпадот, прочистување на водите и индустриското загадување.

Србија прв пат има планови и знае што треба да направи во сите 10 области за заштита на животната средина во наредните 25 години - додава Божовиќ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан