mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

На Бугарија и требаат 2,7 милијарди евра да ги затвори старите реактори

На Бугарија и требаат 2,7 милијарди евра да ги затвори старите реактори

Типографија

Бугарија планира целосно да го затвори проблемот со старите советски реактори во нуклеарната централа „Козлодуј“, но за тоа и се потребни околу 2,7 милијарди евра, покажува извештајот на Европскиот ревизорски суд.

Од оваа сума, 348 милиони евра треба да обезбеди државата, а другите од Европската унија. Судот порачува до 2020 година да бидат затворени старите советски реактори во Бугарија, Словачка и во Литванија, а потоа програмата да биде прекината. Како што додаваат, и по овој рок може да се обезбеди финансирање од ЕУ, но само при јасно утврден рок и планирање на неопходните дејности.

Досега ЕУ го финансирала уништувањето на осум реактори, од кои четири беа во „Козлодуј. За до 2020 година се одвоени 3,8 милијарди евра за дејностите во трите држави. Европскиот ревизорски суд прогнозира дека сите дејности ќе чинат вкупно 5,7 милијарди евра, сума што може двојно да се зголеми ако се земат во предвид трошоците за чување на старото гориво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан