mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Скандал во Кина: злоупотребувани субвенциите за еколошки возила

Скандал во Кина: злоупотребувани субвенциите за еколошки возила

Типографија

Кина обвинува повеќе од 20 компании, меѓу кои и Нисан и Хјундаи, дека ги прекршиле правилата за субвенционирање на производството на еколошки возила.

Со тоа се проширува скандалот со овие субвенции во износ од 4,5 милијарди долари годишно.

Кинеското министерство за финансии прво санкционираше пет производители на автомобили, обвинувајќи ги за измама во врска со програмата за производство на електрични и на хибридни возила.

  • Ова е голем удар за индустријата и ќе има силен ефект врз спроведувањето на правилата - изјавил Сју Јанхуа, потсекретар на кинеската Асоцијација на производители на автомобили.

Министерството информирало дека ќе ја повлече дозволата за производство на една компанија, а другите ќе ги казни. Скандалот фрла сенка врз обидите на Кина да го реши големото загадување на воздухот во своите градови со субвенционирање на производството на еколошки автомобили. Со оваа програма бројот на продадени електрични и хибридни возила се зголемил четирикратно минатата година и изнесувал 331.000. Целта беше годинава да се продадат 700.000, но скандалот може негативно да се одрази врз нејзиното постигнување.

Компаниите се обвинети дека ги злоупотребиле средствата што им ги доделила државата. Истрагата на владините служби продолжува.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет