mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Морските слонови помагаат во проучувањето на климатските промени

Морските слонови помагаат во проучувањето на климатските промени

Типографија

Група од јужни морски слонови им помага на научниците да следат како климатските промени влијаат врз Антарктикот. Тие ја мерат длабочината, температурата и соленоста на водата додека пливаат околу замрзнатиот континент.

Неодамна, податоците добиени од овие големи фоки, кои нуркаат на длабочини од 300 до 700 метри, покажале дека топењето на мразот од Антарктикот ги прави морињата околу него помалку солени, како и дека го нарушува системот со кој се пренесува топлина и хранливи материи насекаде во светот.

Податоците од инструментите закачени на морските слонови и на други морски цицачи помогнале да се направат повеќе од 500.000 вертикални профили на температурата и на соленоста во светските океани, како и да се направат речиси 100 научни студии.

  • Ова е добро за пополнување на празнините. Фоките одат во места каде што претходно не сме имале мерења - вели Гај Вилијамс, истражувач од Универзитетот во Тасманија, Австралија.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет