mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

И по Брегзит, Британците сакаат строги закони за заштита на природата

И по Брегзит, Британците сакаат строги закони за заштита на природата

Типографија

Големо мнозинство од британската јавност сака законите за заштита на природата да бидат посилни или еднакво силни како сегашните европски директиви на Европската унија и откако Велика Британија ќе го напушти блокот, покажале резултатите од последните анкети.

Тие сметаат дека и земоделските субвенции треба да бидат насочени кон поголема заштита на околината, особено во врска со користењето пестициди за кои е утврдено дека им наштетуваат на пчелите.

Најголем дел од заштитата на природата во Велика Британија се потпира на европските директиви за птици и за нивните живеалишта. Но тие ќе треба да се заменат со домашни закони откако земјата ќе излезе од Европската унија. Министерот за земјоделство Џорџ Јустис бил дел од кампањата за напуштање на унијата и во мај изјавил дека директивите ќе се променат.

Но според анкетата спроведена за организацијата Пријатели на Земјата, дури 83 отсто од британските граѓани сметаат дека новите закони треба да бидат построги (46 отсто) или еднакво строги (37 отсто) како и сегашните правла на ЕУ. Само четири отсто сакале послаба заштита. Исто така, 88 отсто рекле дека пестицидите што се опасни за пчелите треба и понатаму да останат забранети во Велика Британија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет