mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во германско езеро потрага по анаконда

Во германско езеро потрага по анаконда

Типографија

Во близина на баварскиот град Зехтенау, во езерото забележана е голема анаконда која предизвика паника, а во тек е потрагата по змијата, јавија германските медиуми.

Во сила е забрана за пливање в о езерото, соопшти градоначалникот Себастијан Форстнер. Тој додаде дека анакондата први ја видели пред две недели рибарите и ловците, а еден очевидец ја фотографирал змијата која е идентификувана како анаконда, по потекло од Јужна Америка.

Во засолништето за рептили во Минхен веруваат дека змијата побегнала или ја ослободил сопственикот, како и дека овој вид змија не претставува сериозна закана за човекот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет