mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Какао наместо кафе поради климатските промени

Какао наместо кафе поради климатските промени

Типографија

Фармерот Абелардо Ајала од Сан Хуан Тепезонтес, регион познат по производството на кафе во Ел Салвадор, направил голема промена. На својата плантажа почнал да одгледува какао, бидејќи поради растот на температурите, кафето давало се` помали приноси.

Изминативе четири години тој и другите фармери имале проблеми со сушата, болестите и со други проблеми поврзани со климатските промени. Сите се обидувале да се справат со сето тоа, но безуспешно. Некои сопственици на пониските плантажи ги продале своите имоти на градежни инвеститори.

Но Ајала почнал да ги проучува предностите од производството на какао, ниските трошоци, добрата цена на меѓународниот пазар, како и позитивниот ефект врз околината.

  • Луѓето почнуваат да одгледуваат какао каде што претходно имаше кафе. Со сушите и климатските промени, производството на кафе станува невозможно, па се преориентиравме на какао - изјавил Ајала.

Мексико и државите од Централна Америка од вкупните приноси на кафето Арабика во светот. Но во последниве години се тешко погодени од суши и од габични инфекции на растенијата.

  • Оваа ситуација натера многумина да се преориентираат од кафе на какао. Тоа се случува постепено. По бербата на кафето, ги искорнуваат растенијата и засадуваат какао - рекол фармерот Луис Морено од Никарагва.

Морено е координатор на организација која уште од 2014 година им дели какао растенија и им дава техничка помош на малите производители. Вели дека досега нивната програма е успешна. На фармерите им е поевтино да одгледуваат какао бидејќи тоа бара помалку работници и околу 40 отсто помалку инвестиции отколку кафето, а постигнува добра цена.

Според белгиската невладина организација ВЕКО, која работи со мали земјоделски производители во земји во развој, во Централна Америка има околу 25.000 производители на какао на 12.700 хектари. Тие проценуваат дека овие површини ќе се зголемат на 25.500 хектари до 2019 година.

  • Многу студии покажуваат дека производството на кафе ќе се поместува на поголеми височини поради глобалното затоплување. Поради тоа, какаото е добра алтернатива за производителите во пониските зони - вели Карен Јансенс, регионална директорка на ВЕКО.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет