mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Законот за повеќе електрични возила во Калифорнија - повлечен

Закон за повеќе електрични возила во Калифорнија

Типографија

Претставничка на законодавното тело на сојузната американска држава Калифорнија изјавила дека се подготвуваат законски измени со кои за помалку од 10 години процентот на нови возила што нема да испуштаат гасови ќе се зголеми на 15 отсто.

Поточно, 15 отсто од возилата што ќе ги продаде еден производител, треба да бидат на електричен погон. Тоа би било значително засилување на напорите на оваа држава да го забрза развојот на нови автомобилски технологии.

Според законот, кој наскоро треба да биде на дневен ред за гласање, производителите на автомобили што нема да продадат доволно возила на електричен погон за да ја исполнат квотата, ќе треба да им платат на своите ривали што успеале во тоа, или да и` платат казна на државата.

  • Ако ја зголемиме конкуренцијата на пазарот, цените ќе станат попристапни - рекла претставничката Отом Берк, од Демократската партија.

Сепак, два дена подоцна, таа го повлече својот предлог.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет