mksqen

Во опасност морската трева што го одржува животот во Балтикот

Во опасност морската трева што го одржува животот во Балтикот

Типографија



Секаде каде што има богат и разновиден жив свет во Балтичко Море, тој е овозможен од морската трева Фукус.

Таа може да насели подрачја каде што има само камења и песок, и на тој начин да создаде доволно добра животна средина и за другите видови. Околу неа растат алги, а со нив се хранат полжавите, морските инсекти, ракчињата и други. Тоа ги привлекува и школките, како и рибите-грабливки, и многу други помали и поголеми суштества важни за екосистемот на Балтикот.

Но студијата на Центарот за океански истражувања од Кил и на универзитетот од Росток, Германија, покажала дека зголемувањето на температурата на морето и зголемената киселост може негативно да се одразат врз оваа морска трева. Таа може да почне да исчезнува од морето, а со неа и целиот жив свет во него.

    Треба да ја имаме во предвид комбинацијата од глобални и од локални фактори. Студијата покажа колку е важно да се преземат мерки за контрола на еутрофикацијата на Балтичко Море. За разлика од растечките глобални температури, за тоа е доволно и национално залагање - изјавила д-р Франциска Џули-Вернер, која учествувала во истражувањето.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет