mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Португалија ги укинува субвенциите за обновлива енергија

Португалија ги укинува субвенциите за обновлива енергија

Типографија

Португалската влада планира постепено да го укине субвенционирањето на производството на енергија од обновливи извори, во обид да ја намали превисоката цена на струјата.

Претставник на владата изјавил дека нема да им се прекинат постојните договори на инвеститорите во овој сектор, туку дека тие нема да се продолжат откако ќе истечат. Тој додал дека потоа компаниите ќе треба да ја продаваат стујата по пазарна цена. Првите поголеми договори истекуваат следната година, а последните во 2027.

Португалија со години е една од водечките земји во светот според производството на енергија од обновливи извори, пред се` од ветрот. Но земјата се соочува со тешка економска криза, а гарантираните субвенции во енергетскиот сектор придонесуваат да се зголемува цената на струјата. Освен тоа, властите процениле дека инвестициите во обновливи извори веќе се исплатиле и поради тоа компаниите биле доволно способни да се натпреваруваат на пазарот, без државни субвенции.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет