mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Вулкан од пред 25 години ги „лажирал“ резултатите за растот на морињата

Вулкан од пред 25 години ги „лажирал“ резултатите за растот на морињата

Типографија

Штом Земјата се затоплува, неизбежно е дека нивото на морињата расте, бидејќи мразот на копното се топи и водата се слева во океаните. Но тоа не е се`. Океаните исто така нараснуваат бидејќи водата е потопла и се шири.

Веќе знаеме дека ова се случува, според податоците на НАСА, морињата растат по 3,5 милиметри годишно, што би значело по 3,5 сантиметри за една деценија.

Сепак, научниците очекуваат дека состојбата ќе се влоши, а нивните предвидувања се дека не само што нивото на морињата ќе расте, туку тоа исто така ќе се забрзува, односно стапката на раст ќе постојано ќе се зголемува. Причината за ова е што големите покривки од мраз на Гренланд и на Антартикот ќе губат се` повеќе и повеќе од својата маса, како што ќе се затоплуваат океаните.

Но тоа што ги збунува научниците е дека откако е воспоставен системот за сателитско следење на нивото на морињата во 1992 година, не е забележан значително зголемување на стапката на раст на морското ниво. Напротив, тоа дури покажало дека морињата растеле со побавно темпо во втората деценија од мерењето (од 2003 до 2012 година) отколку во првата (од 1993 до 2002). Џон Фасуло, климатолог од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања, заедно со уште двајца колеги, тврдат дека ја нашле причината за оваа забуна. Само една година пред лансирањето на сателитот, во големата ерупција на вулканот Пинатубо на Филипините, биле исфрлени огромни количества аеросоли во стратосферата на планетата, кои ја одбивале сончевата светлина и всушност придонеле температурите на океаните да се намалат. Но како што заштитните ефекти од оваа ерупција исчезнуваат, според научниците, така ќе станува се` повидлив растот на нивото на морињата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет