mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Алчноста за земја го уништува сточарството на Масаите

Алчноста за земја го уништува сточарството на Масаите

Типографија

Со години наназад, Масаите од Кенија немале никаков проблем да ги напасуваат своите стада говеда на заедничкото земјиште во ранчовите во јужниот дел од земјата. Но откако биле подучени дека индивидуалната сопственост врз земјата е подобра за управување со неа, отколку колективната, нивниот начин на живот почнал да се распаѓа, пренесува Ројтерс во својата репортажа од оваа африканска држава.

Како што раскажуваат три жени-сточарки, сето тоа довело до голем хаос и борба да се зграби што повеќе земјиште. Напасувањето на стадата станувало се` покомплицирано бидејќи тие морале да се задржуваат во една парцела, ако преминеле во соседската, сопственикот можел да добие казна. Уште повеќе што со оваа промена, некои добиле илјадници хектари, а други морале да се задржат на неколку стотини, или помалку. Проблемот дополнително го влошиле и лукративните можности што многумина ги виделе кај пренамената на земјиштето заради урбанизација (главниот град Најроби бил блиску), како и долготрајната суша.

Но ова донело и една важна социјална промена во заедницата на Масаите. За разлика од порано, кога сточарството било доминантно машка работа, сега, како што животот станал повеќе седечки, жените ја презеле главната улога во грижата за стадата. Тие сега се обидуваат да ги надминат проблемите така што одгледуваат трева и растенија што растат побргу отколку вообичаените на пасиштата, и создаваат резерви на храна, особено за сушните периоди.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет