mksqen

Не мора да се уништуваат нови шуми за палмино масло

Не мора да се уништуваат нови шуми за палмино масло

Типографија

Површините покриени со плантажи за производство на палмино масло може двојно да се зголемат без да се уништуваат заштитени подрачја или нови шумски предели, покажало истражувањето на австриските научници. Токму оваа индустрија се смета за една од најпроблематичните кога е во прашање обесшумувањето на тропските подрачја.

Истражувачите од Меѓународниот институт за применети системски анализи од Австрија ги проучувале сателитските мапи од Југоисточна Азија, Африка и од Јужна Америка, за да утврдат дали земјоделските површини за производство на зеленчукови масла може да се прошируваат одржливо.

Според наодите, во моментов плантажите за палмино масло зафаќаат 18 милиони хектари, додека во 1990 година имало само шест милиони. Ширењето на оваа култура главно се одвивало на сметка на тропските шуми во Малезија и во Индонезија, богати со биодиверзитет.

Наодите од истражувањето биле критикувани од активисти кои укажувале дека ширењето на плантажите за палмино масло (на кое отпаѓа 30 отсто од вкупното производство на зеленчуково масло во светот) придонело за сеча на шумите и за раселување на домородното население. Но истражувачите сметаат дека оваа индустрија може да расте одржливо ако се спроведат вистинските политики.

  • Засега заложби за да престане обесшумувањето се формулираат на различни нивоа, од трговците со палмино масло до провинциските влади - вели истражувачот Јоханес Пиркер.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет