mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во силен земјотрес на Филипини урнати згради и повредени лица

Во силен земјотрес на Филипини урнати згради и повредени лица

Типографија

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала ги погоди Филипини, при што се повредени две лица и оштетени неколку згради.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот се случил на 53 километри од островот Минданао, на длабочина од 41 километар.

Американски сеизмолози предупредуваат на можен цунами во регионот на Минданао и во Индонезија.

По земјотресот, илјадници жители излегоа на улиците, а во најновиот потрес оштетена е зградата на една болница, две владини згради, пристаништето и предизвика уривање на најмалку една зграда.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет