mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Тајван забрани јадење на месо од кучиња и мачки

Тајван забрани јадење на месо од кучиња и мачки

Типографија

Властите во Тајван усвоија закон со кој се забранува конзумирање месо од кучиња и мачки, со што стана првата земја во Азија која донесе ваков закон.

Со законот е усвоен и амандман на постоечкиот законски текст за заштита на животните, според кој е забрането и продавање, купување и поседување коски од овие животни.

Во 2011 година, беше усвоен закон со кој се забрани продавање кучешко месо, но весникот „Тајпеј Тајмс“ ги обвинува властите дека сториле малку за да се спроведе овој закон, па дека илегалната продажба на овој вид месо била раширена, како и порано.

Весникот пишува дека еден угледен ресторан во главниот град Тајпеј, познат по специјалитети од јагнешко месо, сега е осомничен дека како јагнешко, продавал кучешко месо, за да оствари поголема заработувачка, бидејќи месото од кучиња е многу поевтино.

Новоусвоениот закон предвидува високи казни за оние кои ќе бидат фатени дека јадат месо од мачки и кучиња. Казните за поединци се движат од 1.500 до над 7.500 американски долари.

Многу повисоки се казните за месарниците и за рестораните и другиот сектор вклучен во бизнисот со овој вид месо.

Јадењето месо од мачки и кучиња не е ништо необично во многу реони од азискиот континент, посебно во неговиот источен дел, иако долго време е на удар на активистите од организациите за заштита на животни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет