mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Во Тајланд снимена ретка глетка: Двојка индокинески тигри со младенчиња

Во Тајланд снимена ретка глетка: Двојка индокинески тигри со младенчиња

Типографија

Ноќните надзорни камери во еден Национален парк во источен Тајланд снимиле двојка индокинески тигари со најмалку шест младенчиња.

  • Досега мислевме дека во цел Тајланд живее само едно семејство на овој вид животни со младенчиња - соопшти Друштвото за заштита на дивите мачки „Фриланд“.

Индокинеските тигри спаѓаат во групата загрозени животински видови, чија бројност во целиот свет моментно е помала од 250 единки.

  • Ова е вистинско чудо, изјави претставникот на друштвото „Пантери“ - Џон Гудрич за Би-Би-Си.

На индокинеските тигри им се заканува изумирање, поради ловот и уништување на нивните природни живеалишта од страна на луѓето.

Тајланд во последните години ги зајакна казните за илегалните ловци, што се смета и за главна причин за забележаното ново размножување на индокинеските тигри.

Поради намалувањето на џунглата индокинеските тигри веќе изумреа во Камбоџа, Лаос и Виетнам, а истата судбина може да им се случи и во источниот дел на Мјанмар.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет