mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Човек пронајден во тело на огромен питон во Индонезија (видео)

Човек пронајден во тело на огромен питон во Индонезија (видео)

Типографија

Индонезиската полиција соопшти дека во телото на огромен питон на островот Целебес бил откриен мртов човек, по кого се трагало откако бил пријавен за исчезнат.

Жртвата за кого полицијата вели дека имал 25 години и работел на една од плантажите за прибирање на палмово масло, бил пријавен за исчезнат во неделата, откако заминал од работа.

Полицијата покренала потрага кога локалните селани им пријавиле на полицајците дека забележале огромен питон кој не можел да се движи.

Откако ја усмртиле змијата и го расекле нејзиното тело, во утробата го нашле мртвото тело на несреќниот човек. Питонот бил долг седум метри. Според експерти, овој вид змија спаѓа меѓу најголемите во светот. Змијата прво ја задушува жртвата со своето тело, пред целата да ја проголта. Но, питоните ретко убиваат и јадат луге.

Полицијата и локалните жители тврдат дека се регистрирани случаи кога питони напаѓале и проголтувале мали деца. Змиите не навлегуваат во населени места, но ги има околу плантажите за прибирање палмино масло, каде има многу храна, домашни животни, кучиња и помали мајмуни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет