mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Светото езеро на Инките затрупано со ѓубре и со отрови

Светото езеро на Инките затрупано со ѓубре и со отрови

Типографија

Езерото Титикака своевремено било обожувано од Инките, кои го сметале за родно место на сонцето.

Но денес ова езеро, кое е најголемо во Јужна Америка, е затрупано со домашно ѓубре, градежен шут, канти и со мртви жаби покрај бреговите. Самата вода, пак, е затруена со олово и со жива.

На бреговите на Титикака, кое го делат државите Перу и Боливија, живеат 1,3 милиони луѓе, и неговата деградација предизвикува сериозни здравствени закани за ова население. Вкупно 24 градови покрај езерото ги излеваат своите канализациски води директно во езерото, без преработка, а од нелегалните рудници за злато во повисоките делови од Андите се испуштаат до 15 тони жива годишно во река што се влева во него.

  • Да знаат жабите да зборваат, ќе речат „ова ме убива“ - вели Маруја Инквила, еколошка активистка од Перу, која неодамна собрала неколку стотини мртви жаби во кеси од брегот и ги однела во куќата на гувернерот на регионот Пуно, во знак на протест.

Поради големото загадување, почнати се неколку научни студии за да се најде решение, а властите ветуваат дека ќе преземат поостри мерки.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет