mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан

Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан

Типографија

Геолози востановија дека ноовооткриеното копно што се наоѓа во Тихиот Океан, близу Австралија, може да се нарече континент и го именуваа како Зеландија.

Во научен труд под наслов „Зеландија: Скриениот континент на Земјата“, 11 геолози од Нов Зеленд, Нова Каледонија и Австралија тврдат дека копното „ги задоволува сите четири услови да биде наречено континент“, иако 94 отсто од внатрешноста на самата површина е под вода.

Доколку ова биде и формално усвоено, ова ќе биде најмалиот континент на Земјината топка, со површина од 4,9 квадратни километри. Се верува и дека тука има големи наоѓалишта на фосилни горива.

Називот Зеландија првпат е употребен од геофизичарот Брус Лајендајк во 1995 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет