mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Се помалку има живеалишта за слонови во Индија

Се помалку има живеалишта за слонови во Индија

Типографија

Активисти за заштита на диви животни предупредуваат дека вмешувањето во шумите на североисточна Индија ги има избркано слоновите од нивните природни живеалишта што доведува до конфликт со локалното население.

Активистите ја прозвале Владата да го спречи вмешувањето на луѓето и да го ослободи коридорот што го користат слоновите за премин од шума во шума во потрага по храна. Последните години се забележани неколку инциденти во кои дивите слонови влегле во села ги уништувале посевите, па дури убивале и луѓе.

Шумарот Д.Д. Гогои вели дека во последните случувања шумарите морале да запалат трева за да ги избркаат трите слона кои излегле од шумата на резерватот Амчанг во државата Асам.

  • Ситуацијата е алармантна. Слоновите дивеат по селата во потрага по храна бидејќи нивните шивеалишта ги преземаат луѓето. Владата мора да нареди ослободување на коридорот за слоновите - вели Мубина Актар, активистка за заштита на диви животни.

Според пописот на слоновите од 2011 година, во Асама има 5.620 диви слонови. Гогои вели дека новиот попис  на слоновите ќе биде идниот месец.

Во Индија, во која живеат 1,3 милијарди жители, како расте популацијата на луѓето така населбите се шират на сметка на џунглата па слоновите се почесто доаѓаат во контакт со луѓето.

За слоновите закана се и брзите возови и ловокрадците. Минатата година во Асама се убиени 67 слонови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет