mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Полските полицајци поради загадување ќе работат со маски

Полските полицајци поради загадување ќе работат со маски

Типографија

Главната команда на полската полиција за сите свои полицајци нарачала маски против смог.

Од почетокот на годината во многу места, а пред се на југот и југозападот од земјата и во Варшава, поради смогот не се дише и многу полјаци бараат помош во болниците, а во многу градови се воведува и бесплатен јавен превоз.

  • Претходните години смогот се појавуваше само неколку пати годишно. Но сега е се полошо. Мораме да водиме сметка за здравјето на полицајците за да можат да ја вршат својата должност - вели портпаролот на главната полициска команда.

Полскиот град Живјец од страна на Светската здравствена организација е прогласен за најзагаден град во Европската унија во текот на 2016 година, а од 50 најзагадени градови дури 33 се во Полска.

Извештаите на еколошките организации покажуваат дека во Полска 10 отсто од загадувањето доаѓа од големите фабрики и индистриите кои се базираат на јаглен, 10 отсто е од издувните гасови од автомобилите, а останатите 80 отсто е од греењето на домовите, за што многу луѓе користат стар мебел, па дури и пластични шишиња.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет