mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Тигар уби човек во зоолошка градина во Кина

Тигар уби човек во зоолошка градина во Кина

Типографија

Тигар во Зоолошката градина во кинескиот град Нингбо уби човек, кој за да избегне плаќање билет го прескокнал ѕидот и влегов во кафезот со тигари.

Тигарот го усмртија службениците од специјалната единица на локалната полиција во зоолошката градина Јунгор.

Како што јави Би-Би-Си, човекот итно е пренесен во најблиската болница, но лекарите  можеле само да констатираат смрт.

После нападот, Зоолошката градина е затворена за посетителите, соопшти државната ТВ.

Нападот се случил околу два часот попладне, пред очите на посетителите, од кои некои поставиле на интернет видео снимки и фотографии од нападот.

На снимките може да се види човек во сина маица и црни панаталони како лежи на земјата, додека тигарот со забите го држи околу вратот и главата, а другите два тигри кружат околу него.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет