mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Племе од Висконсин гласало да се отстрани нафтовод од нивната територија

Племе од Висконсин гласало да се отстрани нафтовод од нивната територија

Типографија

Домородното племе Бед Ривер Бенд од американската сојузна држава Висконсин гласало да не го продолжи договорот за користење на нивното земјиште за нафтоводот на компанијата Енбриџ.

Од племето соопштиле дека биле загрижени поради ризиците од излевање на нафтата и побарале нафтоводот, кој бил поставен таму пред 64 години, дасе отстрани.

Ова се смета за уште еден знак за се поголемиот отпор кон нафтената инфраструктура во Северна Америка. Отпорот доаѓа од екологистите и од домородците, кои бараат да се отстранат стари нафтоводи и ја спречуваат изградбата на нови.

  • Според искуството на многу други заедници, дури и мало излевање на нафта може да се покаже катастрофално за нашите луѓе - изјавил племенскиот поглавар Роберт Бланчард, додавајќи дека ќе се консултираат со сојузните, државните и со локалните власти за тоа како да се отстрани нафтоводот.

Нафтоводот на Енбриџ, која е најголема канадска нафтена компанија, работел без проблеми на територијата од 1953 година. Договорот истекол во 2013 година, а оттогаш траеле преговори.

  • Изненадени сме од одлуката на Бед Ривер Бенд да не го продолжи договорот и покрај покажаната добра волја на преговорите. Ќе ни треба време да ја разгледаме нивната одлука и да ги утврдиме нашите следни чекори - соопштиле од компанијата.

Трендот на домороден отпор против нафтените компаниии во Северна Америка особено се засили со случајот Дакота Аксес, во кој локалните домородци со жив штит ја спречуваа компанијата Енерџи Трансфер Партнерс да спроведе нафтовод под езерото Оахе, од кое тие се снабдуваат со вода.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет