mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Три силни земјотреси ја погодија централна Италија

Три силни земјотреси ја погодија централна Италија

Типографија

Серија од три силни земјотреси ја потресоа централна Италија.

Првиот земјотрес со интензитет од 5,4 степени Рихтерови се случил во 10:25 часот, по локално време. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил на 111 километри североисточно од Рим, на 28 километри од општина Асколи Пичето и на 36 километри од градот Аквила. И двете населени места беа погодени од претходните силни земјотреси. Потресот бил на длабочина од 10 километри.

Во 11:14 часот, по локално време бил регистриран втор земјотрес со интензитет, според различни извори, меѓу 5,6 и 5,7 степени. Потресот бил на длабочина девет километри, а епицентарот во реонот меѓу општините Аквила и Риети, на 109 километри североисточно од Рим. Најблиску до епицентарот се општините Капитињно, Кампопосто, Аматриче и Кањано Амитерно.

Третиот силен земјотрес со интензитет од околу 5,5 степени регистриран е во 11:26 часот, по локално време. Епицентарот бил на 110 километри североисточно од Рим и на длабочина од 40 километри во зоната помеѓу општините Риети и Аквила.

Од безбедносни причини во Рим, каде што беа почувствувани потресите, беа евакуирани патниците од метрото.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет