mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

САД дозволија да се поправат околу 70 илјади фолксвагени што загадуваа

САД дозволија да се поправат околу 70 илјади фолксвагени што загадуваа

Типографија

Американската агенција за заштита на животната средина ја одобрила поправката на околу 70 илјади дизел-возила на фирмата Фолксваген, за кои беше утврдено дека загадуваат над дозволените граници.

Компанијата треба да постави нов софтвер во возилата, а по една година повторно да го обнови, заедно со дел од опремата, како филтерот за дизел и катализаторите. Автомобилите за кои е одобрена поправката се од моделите Буба, Голф, Голф Спортваген, Џета и Пасат, како и ауди А3, сите од 2015 година.

Претходно, германскиот производител се согласи да повлече 475 илјади дизел возила продадени на американскиот пазар меѓу 2009 и 2015 година и да им врати на купувачите над 10 милијарди долари, или да ги поправи ако властите го дозволат тоа. Се уште нема дозвола за поправка на преостанатите 400 илјади возила.

  • Со денешната дозвола, Фолксваген ќе може да им понуди на купувачите избор да ги задржат своите возила откако ќе бидат поправени, или да им ги откупи - се вели во соопштението од американската агенција.

Фолскваген се бореше да ја добие можноста да ги поправа возилата, поради штетите што ги трпеше од одлуката да ги откупи. Некои сопственици намерно ги оштетувале своите автомобили пред да ги вратат во автосалоните, знаејќи дека секако ќе ја добијат целата сума што ја платиле за нив. Одлуката и овозможува на компанијата и оние возила што ќе ги откупи, да ги поправи и повторно да ги понуди на пазарот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет