mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Кинески фабрики казнети поради кршење на мерките за загадување

Кинески фабрики казнети поради кршење на мерките за загадување

Типографија

Кинеското министерство за заштита на животната средина соопшти дека повеќе компании ги имаат прекршено мерките за намалување на смогот во период на висока загаденост на воздухот во земјата.

Инспекторите утвдриле дека компаниите го продолжиле производството покрај забраната од Владата, а при тоа не ги почитувале правилата за намалување на емисијата на штетни гасови.

Во 24 кинески градови на сила е црвеното, највисоко ниво на предупредување за висока загаденост, а при тоа некои компании мора да го прекинат производството.

Министерството одредило казни за повеќе од 500 градилишта и фирми, вклучувајќи ги и металуршките фабрики, земјоделските хемиски производи и железарите. Исто така и повеќе од 10 илјади возила, кои се големи загадувачи, ја имаат прекршено забраната за возење.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет