mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Не метеор, туку топењето на мразот создало кратер на Антарктикот

Не метеор, туку топењето на мразот создало кратер на Антарктикот

Типографија

Кратерот на Антарктикот, за кој досега се верувало дека настанал од удар на метеор, е всушност последица на топењето на мразот на континентот, покажало едно ново истражување.

Дупката се наоѓа на источниот дел од Антарктикот. При една неодамнешна посета на местото, истражувачите утврдиле дека станува збор за езеро од стопен мраз чија вода се исцедила низ канал што речиси вертикално поминува низ мразот, како инка.

  • Тоа беше големо изненадување. Такви канали обично се среќаваат на Гренланд. Досега не сме ги виделе на замрзната покривка - вели Штеф Лермите, истражувач од Технолошкиот универзитет Делфт од Холандија.

Комбинирајќи ги своите наоди од теренот со сателитски податоци, истражувачите утврдиле дека источниот дел на Антарктикот е многу поподложен на топење, отколку што се мислело порано. Топлите ветрови ја оддувуваат снежната покривка, со што бојата на површината на мразот станува потемна. Така таа привлекува повеќе топлина од сонцето и полесно се топи, покажале наодите. Бидејќи овој мраз веќе се наоѓа во морето, неговото топење не придонесува за раст на нивото на морето.

Источниот Антарктик подолго време бил мистериозно место кога станува збор за климатските промени. Веќе подолго време нивото на мразот во регионот растело поради зголемените врнежи од снег, кои биле резултат на затоплувањето на воздухот. Топлиот воздух носи повеќе влага, која се претвора во врнежи од снег на тоа место.

Кратерот, пак, бил уште помистериозен. Првпат беше забележан во 2015 година и научниците претпоставиле дека станува збор за кратер од метеорит што експлодирал над Антарктикот во 2004 година. Но многумина се сомневале дека овој кратер, широк три километри, можел да настане на тој начин и претпоставувале дека е резултат на топењето на мразот.

Претходните истражувања покажале дека Западниот Антарктик е доста ранлив од климатските промени, а сегашните наоди сугерираат дека големо подрачје во неговиот источен дел исто така трпи последици од глобалното затоплување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет