mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Најстариот мажјак панда во светот почина од рак

Најстариот мажјак панда во светот почина од рак

Типографија

Пан Пан, најстариот мажјак џиновска панда за кој се знаеше, почина во Ченгду, Кина, на 31 година. Ова животно, познато како „дедото панда“, зад себе оставил над 130 наследници.

Кога Пан Пан се родил во 1985 година, популацијата на пандите во светот драматично опаѓала. Но токму негова е заслугата за раѓањето на дури една четвртина од единките панди родени во зоолошките градини и во центрите за заштита.

  • Возраста на Пан Пан е еквивалентна на 100 човечки години, но подолго време имаше рак, а здравјето значително му се влоши во последните три дена - изјавила Тан Ченгбин, заштитар во Кинескиот центар за заштита и истражување на џиновските панди.

Пандите во дивина живеат околу 20 години, а во заробеништво подолго. Најстарата позната женка панда во светот, Баси, има 36 години. Благодарение на кинеските напори да се ограничи криволовот и сечењето на шумите, како и на центрите за размножување, популацијата на пандите повторно почна да расте. Пописот во 2015 година покажал дека има 1.864 единки, што е раст за 17 проценти во споредба со десет години претходно.

Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) годинава го намали степенот на опасност по опстанокот на џиновските панди од „загрозени“ на „ранливи“ видови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет