mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Поројните дождови ја шират пустината во Судан

Поројните дождови ја шират пустината во Судан

Типографија

Променливите врнежливи сезони го прават земјиштето необработливо и ја прошируваат пустината во порано плодниот регион Гедареф во Судан.

Станува збор за област која е полна со амбари за просо, сусам и за други житни култури, но нивното одгледување станува се` потешко поради обесшумувањето на околните области и поплавите.

Невообичаено високото количество на врнежи предизвикало резервоарите за вода да се прелеат, а надојдената вода да го измие плодното земјиште.

  • Климатските промени влијаеа врз интензитетот на врнежи. Кога ги има многу, има брзи и силни порои. Тие ја расипуваат почвата. Оваа земја не може да се обработува, бидејќи ги загубила плодните слоеви - вели Ел Гамри, проект-координатор на суданскиот Висок совет за животна средина и природни ресурси.

Во 2015 година во Гедареф паднале 70 милилитри дожд на квадратен метар. Досега годинава паднале 600 милилитри. Тоа предизвикувало поплави, по кои следувало опустинување на земјиштето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет