mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Седум пингвини се удавиле во зоолошка во Канада

Седум пингвини се удавиле во зоолошка во Канада

Типографија

Зоолошката градина во канадскиот град Калгари соопштила дека седум пингвини биле најдени мртви во својот кафез.

Пингвините биле од видот хамболд, а причините за смртта се уште се нејасни.

  • Ова се страшни вести. Почнавме целосна истрага за да утврдиме што точно им се случило на пингвините, и да спречиме такви инциденти да се повторат во иднина - напишал директорот на зоолошката Џејми Дорган, во соопштение до јавноста.

Според првичните информации, пингвините се удавиле. Најмладиот бил стар осум месеци, а највозрасниот седум години. Тие биле пренесени во посебна просторија бидејќи во нивното постојано живеалиште се одвивале градежни работи.

  • Разгледуваме различни можности за тоа како дошло до несреќата. Темелно бараме докази. Можно е нешто да ги исплашило птиците, една или две да ги фатила паника. Но засега само шпекулираме - додал Дорган.

Тој истакнал дека целата зоолошка градина тагувала по загубените пингвини, затоа што вработените биле прврзани кон животните.

  • Секогаш кога некој чувар ќе дојде наутро и ќе најде вакво нешто, тоа е тежок момент. Многу сме шокирани од тоа што се случи, и голем број луѓе се вознемирени.

Во 2013 година во зоолошката во Калгари умреле поголем број пингвини, меѓу кои и еден хамболд, поради бактериска инфекција.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет